Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска ќе има нов предизвик. По триумфот над Полска (1-2) фудбалерите на Драган Канатларовски од 17 часот во Коњич ќе се сретнат со селекцијата на Босна и Херцеговина и ќе се обидат да го продолжат позитивниот тренд.
Без Иван Николов во средниот ред, но со зголемена самодоверба што ја донесе победата над Полјаците во Радом.
„Сите фудбалери ќе имаат шанса да се докажат и да потврдат дека со право заслужуваат да го носат дресот на Македонија. Очекувам да подобриме многу аспекти во играта“, изјави селекторот Драган Канатларовски пред овие два пријателски меча.
Првиот тест младите фудбалери го положија со одлична оценка, сега останува да се погрижат да не го расипат впечатокот против БиХ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













