
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги почна подготовките за претстојните пријателски натпревари против Полска и против Босна и Херцеговина.
Првиот контролен дуел против Полска ќе го играме на 1. јуни, во Радом. Четири дена подоцна во Коњич играме со селекцијата на Босна и Херцеговина.
Стандардниот репрезентативец на Македонија до 21 година, Хамза Рамани, даде свое видување за претстојните контролни дуели.
„Овој квалификациски циклус го започнавме одлично, со победа над силната селекција на Шведска на гостински терен, но на другите натпревари кај што важевме за фаворити, не успеавме да го оправдаме тоа, одигравме лошо на тие натпревари, со што и ја загубивме можноста да се надеваме на висок пласман.
Треба да се подобриме во неколку аспекти во играта. Мораме да поработиме на организацијата на играта, како и на реализацијата. Доколу ги подобриме овие клучни делови на нашата игра, верувам дека можеме да оствариме многу подобри резултати и да се натпреваруваме со било која селекција.
Ние како професионалци секогаш сме подготвени да се ставиме на располагање на селекторот и неговиот стручен тим. Иако е крај на првенството, кога се работи за репрезентацијата тука сме да го дадедеме максимумот. Овие контролни натпревари ќе бидат одлична можност да ја подобриме нашата игра. Се надевам дека ќе оствариме позитивни резултати против Полска и Босна и Херцеговина“, изјави Хамза Рамани.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
