Connect with us

Баражи за Втората лига: Победа и Борец некогаш беа прволигаши, сега се борат за второлигашки статус

Прилеп е фудбалски град, но Победа одамна не е тоа што некогаш беше. Ниту на организациски, ниту на резултатски план. Фудбалерите на овој тим денеска во Ѓорче Петров ќе се обидат да го задржат второлигашкиот статус во баражот против ГФК Куманово.


Борец исто така пред само неколку сезони беше во Првата лига, а сега ќе има бараж дуел против Влазерими во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“, за да се врати во второлигашкото друштво.

Третиот бараж за пополнување на Втората лига се игра на стадионот „Борис Трајковски“, а се среќаваат Вардарски и Кораби.

Победниците ќе ја пополнат Втората лига, мечевите се закажани од 17 часот.

БАРАЖИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ВТОРАТА ЛИГА

ВАРДАРСКИ – КОРАБИ – Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје

ПОБЕДА – КУМАНОВО – Стадион Ѓорче Петров во Скопје

ВЛАЗЕРИМИ – БОРЕЦ – Стадион „Петар Милошевски“ во Битола

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови