Connect with us

30. Годишно собрание на ФФМ: Посветеност за напредок и нови успеси (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија денеска во хотелот “Хилтон” во Скопје го одржа јубилејното 30. Годишно Собрание. На него беа присутни 58 делегати од вкупно 61 член на највисокото тело на федерацијата.

Низ анализа на изминатите 30 години, беше истакната максималната посветеност и заложби за напредок и нови успеси, какви што имавме во минатото со настапот на Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2017 година, како и на ЕВРО 2020 во сеноорска конкуренција.

Новата следна цел е успех во следното издание на Лигата на нации.

“Се надеваме дека фудбалската репрезентација на Македонија ќе не израдува со успех во следното издание на Лигата на нации. Заложбите се максимални, ние имаме доверба во квалитетите и капацитетот на фудбалските репрезентативци и на стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски”, потенцираше претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Една од главните заложби на ФФМ е фудбалот во Македонија да биде достапен за сите и да се игра што е можно помасовно, во сите конкуренции. Во моментот во Македонија има регистрирани 22.209 фудбалери и 2.062 фудбалерки. Посебно внимание се посветува и на развојот на Детската лига и младинските лиги во кои се натпреваруваат 149 клуба и преку 9.000 млади фудбалери.

ФФМ најави дека активно ќе продолжи да помага во развојот на Првата фудбалска лига, Втората, Трета и пониските лиги, женскиот фудбал, Судиската организација, здравствениот, етичкиот и организацискиот сегмент од фудбалската игра.

На Редовното Годишно Собрание на ФФМ беа присутни и претставници на највисоките тела, Мариот Гават од ФИФА и Јозеф Климент од УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови