Connect with us

Ѕвездата на Реал Мадрид се сели на “Олд Трафорд”?

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан. Договорот на Французинот на „Сантијаго Бернабеу“ истекува следното лето и Реал, во моментов, не планира да отвори преговори околу негово продолжување.

Според шпанските медиуми, 27-годишниот фудбалер сака да го напушти Мадрид бидејќи е разочаран од разликата на неговата плата и онаа на најплатените играчи во клубот.

Се претпоставува дека „црвените ѓаволи“ ќе се фокусираат на доведување на нов централен дефанзивец во летниот трансфер период бидејќи бараат постојан партнер за Хари Мегваер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови