
Првиот голман на Манчестер Сити, Едерсон, ќе ги пропушти последните два натпревари на тимот во сезоната. Тоа се дуелот против Вест Хем на домашен терен во завршното коло од Премиер – лигата и финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед. Причината е што Бразилецот добил мала скршеница во пределот на очната коска.
Едерсон ја заработи повредата во еден од одлучувачките натпревари за титулата против Тотенхем пред два дена по тешкиот судир со Кристијан Ромеро. Бразилецот остана на теренот неколку минути, но Хосеп Гвардиола и неговиот штаб решија да го заменат.
На негово место влезе Стефан Ортега кој имаше огромен придонес во победата на „граѓаните“ и направи три клучни одбрани до крајот на натпреварот, а највпечатлива беше неговата реакција во 86. минута кога Хјонг-Мин Сон тргна очи во очи со него, но не успеа да го совлада.
Ова значи дека Германецот сигурно ќе биде на голот на последните два натпревари на Сити.
Ортега во основа го започна секој натпревар од ФА Купот и Лига Купот за „граѓаните“ откако му се приклучи на Сити во летото 2022 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
