Српскиот фудбалски тренер Дејан Станковиќ го презеде Спартак Москва. Само неколку часа откако се појавија информациите дека поранешниот стратег на Црвена Звезда си замина од Ференцварош, следуваше официјална потврда дека Станковиќ е новиот тренер на рускиот тим.
На две кола пред крајот на руското првенство Спартак е на петтото место со седум бода помалку од првопласираниот Динамо Москва.
Станковиќ не успеа да го освои последниот трофеј со Ференцварош оваа сезона, бидејќи вчера во финалето на Купот беа поразени од Пакс со 2-0. Сепак, тој се збогува со титулата првак на Унгарија.
⚡️ Официально: Деян Станкович – главный тренер «Спартака» с сезона-2024/25!
— ФК «Спартак-Москва» (@fcsm_official) May 16, 2024
Легендарный полузащитник и тренер-чемпион двух стран возглавит красно-белых с нового сезона 🔥
Добро дошао, Дејан! Добро пожаловать в «Спартак» 🇷🇸 pic.twitter.com/Cq5VnLnfcw
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal