
Повеќето клубови од Премиер – лигата нема да го поддржат предлогот за укинување на ВАР од следната сезона, тврди „Скај Спортс“. Вчера беше откриено дека годишниот клупски состанок на Премиер – лигата ќе се сведе на гласање дали да се задржи технологијата следната сезона.
Понудата дојде од Вулверхемптон и за да биде прифатена треба да биде поддржана од минимум 14 од најдобрите 20 клубови. Сепак, тоа нема да се случи бидејќи повеќето клубови се на мислење дека отстранувањето на технологијата ќе биде контрапродуктивно и ќе ја наруши позицијата што ја има Премиер – лигата.
Всушност, „Скај Спортс“ тврди дека предлогот ќе биде разгледан на состанокот на 6 јуни, но не мора да се гласа. Доколку при дискусијата се види дека има доволна поддршка, дури тогаш може да се гласа.
Одборот на директори на Премиер – лигата исто така силно се противи на понудата на Вулверхемптон.
Клубовите веќе се договорија дека технологијата за полуавтоматско поставување ќе биде воведена во Премиер – лигата од следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
