Connect with us

Звезда го тресна Лех во Полска, Лудогорец и Ференцварош без голови

Српскиот шампион Црвена Звезда запиша значајна победа (1-3) на гостувањето во Полска против Лех Познањ, со што направи сериозен исчекор кон обезбедување пласман во плејофот за групната фаза од Лигата на шампионите. Сега останува да се одигра и реваншот во Белград, каде „црвено-белите“ ќе ја бранат солидната предност.

Најзаслужен за успехот беше Раде Круниќ, кој блесна со два погодоци, а третиот гол за српскиот тим го постигна Бруно Дуарте. За Лех, стрелец на единствениот погодок беше Микаел Ишак во 34. минута, кога резултатот беше изедначен на 1-1. Сепак, белградскиот тим успеа да наметне темпо и обезбеди победа со два гола разлика.

Во останатите натпревари, Каират беше подобар од Слован Братислава со минимални 1-0, додека Клуб Бриж славеше на гости кај Салцбург со 0-1.

Дуелот меѓу Лудогорец и Ференцварош, потенцијалните противници на Шкендија, заврши без голови во Разград.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови