
Реал Мадрид дојде на „Камп Ноу“ и ја нокаутираше Барселона, победи со 1-3 и на најдобар можен начин се извлече од резултатската криза, двата последовни порази од Кадиз и од Шахтјор Доњецк. Тренерот Зинедин Зидан нема ниеден пораз во домот на Барселона како тренер, а сега повторно излезе како херој иако пред мечот сите најавуваа негова смена.
„Реал Мадрид има шампионски гени, овој тим има неверојатен карактер. Знае да победува на најголемите натпревари. Затоа се и селектирани, затоа го носат дресот на Реал. Одигравме перфектен натпревар. Се врати капитенот Серхио Рамос, тој е вистински лидер на овој состав, со него на теренот се е поинаку, пред се на психолошки план, сите се чувствуваат многу посигурни. Не заборавија овие фудбалери да играат фудбал иако одиграа два слаби меча кои ги загубивме. Можете секој ден да си давате различни оправдувања, но вистинските херои не бараат алиби туку излегуваат на теренот и демонстрираат што знаат и умеат“, изјави Зинедин Зидан по големиот триумф над Барселона на „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
