Исклучителната сезона на американскиот офанзивен играч Кристијан Пулишиќ во дресот на Милан наиде на нова пречка.
Херојот од победата над Интер пред шест дена почувствува болка во мускулот на тренинг и најверојатно ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Лацио, потврди тренерот Масимилијано Алегри.
На прес-конференција пред натпреварот, Алегри изјави дека Пулишиќ „веројатно нема да игра“, но сепак остави мала можност ситуацијата да се промени. Тој нагласи дека остатокот од тимот е во добра форма, но не сака да ризикува со Американецот, особено што неодамна се опорави од повреда на тетивата на коленото.
Оваа ситуација е особено фрустрирачка за Милан, бидејќи Пулишиќ токму се врати во полна форма по повредата која ја заработи за време на обврските со националниот тим во октомври. На терен се врати на 8 ноември, но сега изгледа дека ќе мора повторно да паузира.
И покрај тоа што пропушти четири натпревари, Пулишиќ оваа сезона е клучен играч за Милан, со седум гола и две асистенции на само 10 настапи.
Милан моментно е на второто место во Серија А со 25 бодови, исто колку и Наполи, додека водечката Рома им бега само два бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













