Фудбалерите на Манчестер Сити до самиот финиш се бореа за триумф против Лидс Јунајтед. На крајот славеа со 3-2, а херој беше Фил Фоден, кој го постигна победничкиот гол во судиското надополнување.
„Граѓаните“ поведоа со головите на Фоден и Гвардиол за 2-0, но во вториот дел Лидс се разбуди и преку Калверт-Луин и Нмеча израмни на 2-2.
Брентфорд го скрши отпорот на Барнли дури во самиот финиш за 3-1. До 80. минута резултатот остануваше непроменет, а потоа следеа три гола во гостинската мрежа и еден во домашната. Тиаго постигна два, а Куатара еден гол за победата на „пчелите“, додека Флеминг од пенал постигна почесен погодок за Барнли.
Возбудливо беше и во Сандерленд, каде домашниот тим направи пресврт и го победи Борнмут со 3-2. Гостите од југот на Англија водеа со 0-2 по само 15 минути со головите на Ади и Адамс, но не успеаја да го одржат водството. Ле Фе намали на 1-2 пред полувремето, во вториот дел Траоре израмни, а конечните 3-2 ги постави Борби.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













