Connect with us

Зидан одлучи да го напушти Реал Мадрид

Францускиот стратег Зинедин Зидан одлучи да го напушти Реал Мадрид. По сезоната без трофеј, тој реши да ја преземе одговорноста и да не го исполни договорот со „кралевите“ до крај. Ова е второ заминување на тренер од голем европски клуб во текот на денот. Претходно и Антонио Конте одлучи да се раздели со Интер, откако по 11 години ја врати шампионската титула во Милано.

Раководството на Реал Мадрид сега ќе мора да тргне во потрага по ново тренерско решение. Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри е првата опција за Флорентино Перез, иако би можел да му ја даде довербата и на Раул Гонзалез, клупската легенда кој во моментот работи со вториот тим на „кралевите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови