Искусниот шпански фудбалер Жорди Алба, според сè, ќе ја заврши својата кариера во Интер Мајами, бидејќи го продолжи договорот со франшизата од Флорида до 2027 година, потврдија од редовите на клубот, член на МЛС лигата.
Поранешниот фудбалер на Барселона се обврза на нова двегодишна верност кон клубот, во чиј состав играат и неговите поранешни соиграчи Лионел Меси, Луис Суарез и Серхио Бускетс, и на тој начин ги отстрани сите дилеми околу својата иднина, имајќи предвид дека претходниот договор му истекуваше летово.
Брзоногиот лев бек, кој веќе е во поодминати години, по потпишувањето на новиот договор изјави дека е среќен што и понатаму ќе биде дел од Интер Мајами.
„Среќен сум што ја продолжив соработката бидејќи имам голема желба да продолжам со натпреварување, но и поради начинот на кој го доживувам клубот и страста што ја чувствувам од навивачите на секој натпревар. Се чувствувам многу пријатно во клубот во изминатите две години, особено поради љубовта што ја шират навивачите“, изјави фудбалерот кој е член на Интер од летото 2023 година.
Пред доаѓањето во Интер, Жорди Алба повеќе од една деценија настапуваше за Барселона, каде што го достигна врвот на својата кариера, откако претходно во Валенсија најави дека ќе биде еден од најдобрите леви бекови во европскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Тошевски и Серафимов стрелаа за Дендер и за Левски
Евро-фудбал
Погба: Не сум завршил со фудбалот
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













