
Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс и официјално ја започна новата страница во својата кариера, потпишувајќи договор со саудискиот клуб Ал-Наср. Напаѓачот се сели во тимот на Кристијано Роналдо со трансфер од Челси, кој ќе инкасира 30 милиони евра. Лондонскиот клуб задржа и процент од идниот трансфер на Жоао Феликс.
Фудбалерот од Лисабон ќе заработува неверојатни 35 милиони евра по сезона во новиот клуб.
Феликс пристигна во Челси во летото 2024 година од Атлетико Мадрид за 52 милиони евра, но не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“. Втората половина од сезоната ја мина како позајмен играч во Милан.
Во својата кариера 25-годишниот офанзивец досега има настапувано и за Бенфика и Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
