
Португалскиот напаѓач Жоао Феликс дебитираше како стартер за Барселона и успеа да го постигне својот прв гол за Каталонците, отворајќи го резултатот во 25. минута.
По натпреварот, Феликс беше презадоволен од својот настап, но не пропушти да ги пофали соиграчите.
„Многу сум среќен што повторно бев стартер. Не ми се случило тоа одамна и се чувствувам навистина добро. Многу е лесно да се игра во овој тим. Секој знае каде треба да биде, лесно е кога имаш добра структура. Топката се движи добро и брзо, се наоѓа празен простор и доаѓаат головите. Што се однесува до мене, работам на подобрување на моето ниво. Имам одлични соиграчи и многу е лесно да се игра со нив. Ќе направам сѐ за да им помогнам. Среќен сум, оваа промена беше многу добра за мене, моето семејство, моите пријатели. Многу сум среќен“, изјави Жоао Феликс по натпреварот со Бетис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
