Овој викенд нема да се одиграат фудбалски натпревари во Македонија, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја прифати препораката на Министерството за внатрешни работи (МВР) да се одложат сите средби поради одржувањето на првиот круг од локалните избори.
Доцна вечерва беа објавени и новите термини за одложените мечеви, а најголемо внимание, секако, привлекува големото дерби помеѓу Шкендија и Вардар, кое ќе се одигра на „Градскиот стадион“ во Тетово.
Пресметката меѓу Шкендија и Вардар е закажана за понеделник, 27 октомври, со почеток во 13:30 часот.
Десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе започне во петок (24 октомври) со натпреварите Башкими – Шкупи и Тиквеш – Арсими (14.30 часот).
Следниот ден, сабота, ќе се одиграат дуелите Работнички – Македонија ЃП и Струга – Брера (14.30 часот), додека во недела (26 октомври) е закажан само еден натпревар – Силекс против Пелистер (13.30 часот).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













