Македонските фудбалски прволигаши паузата од првенството, која ќе биде и продолжена со оглед дека нема натпревари од 10. коло овој викенд, мораа да ја пополнат со пријателски мечеви.
Шкендија денеска во Тетово го пречека Башкими и забележа убедлива победа од 5-1. Дуелот, кој се играше 120 минути по барање на двата тренери, започна со гол на Крстевски во 34. минута. Ибраими зголеми на 2-0 со реализиран пенал во 42. минута, а автоголот на Личина донесе за уште поголема предност од 3-0 за Шкендија. Јакупи постигна гол во 107. минута за 4-0, пред Саити да намали на 4-1, а конечниот резултат од 5-1 го постави Спахиу во 114. минута.
Вардар гостуваше во Големо Коњари и запиша победа од 4-0. Головите за скопските „црвено-црни“ ги постигнаа Ворен, Талески, Бајо и Спахиу, покажувајќи солидна форма пред продолжението на првенството.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













