Манчестер Сити е подготвен да плати 75 милиони фунти за играчот од средниот ред на Нотингем Форест, Елиот Андерсон, кој постепено се наметнува како новата ѕвезда на Англија со одличните настапи и за клубот и за репрезентацијата.
Mенаџерот Пеп Гвардиола е голем фан на 22-годишниот фудбалер и сака да го донесе на „Етихад“ во летниот преоден рок. Со оглед дека Нико Гонзалес не успева целосно да се наметне, а Родри има континуирани проблеми со повредите, Гвардиола е решен дополнително да ја засили средината на теренот.
Сепак, Сити ќе има силна конкуренција во Челси, кој исто така го следи Андерсон.
Нотингем Форест го ангажираше Андерсон во 2024 година, плаќајќи 35 милиони фунти на Њукасл. Неговите одлични настапи му донесоа повик во англиската репрезентација од селекторот Томас Тухел, кој го вклучи во националниот тим во август. Оттогаш Андерсон одигра три натпревари за гордиот Албион и беше меѓу најистакнатите фудбалери во составот.
Се очекува тој да биде дел од репрезентацијата на Светското првенство следната година, доколку остане здрав. Клубовите кои се заинтересирани за него, најверојатно ќе се обидат да го обезбедат неговиот потпис уште пред Мундијалот, бидејќи неговата цена би можела значително да порасне доколку продолжи со ваквите настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













