
Дани Алвеш преку социјалните мрежи им одржа вистинска животна лекција на младите луѓе. Фудбалерот на Барселона сподели објава на неговиот официјален Инстаграм профил во која се појавува како ги реди своите работи во мало шкафче сеќавајќи се колку тешки му биле почетоците.
Со своите 38 години тој е фудбалерот кој освоил најмногу трофеи на сите времиња, а иако немал лесен почеток, никогаш нема да заборави од каде потекнува и тоа го сподели со повеќе од 35 милиони негови следбеници.
Фотографијата брзо стана вирална, доби половина милион лајкови.
Бразилската ѕвезда е родена во Баија, во скромно семејство кое имало многу недостатоци за да може да живее. Алвеш призна дека станувал во четири часот наутро за да му помогне на својот татко на полињата и морал да продава земјоделски производи.
„Дали си сиромашен или едноставно немаш пари? Денот кога ќе го промениш менталитетот, ќе го промениш животот. Или мислиш дека животот е лесен? Животот е ист за сите, ако не ти се укаже прилика, треба да тргнеш по неа“, напиша Дани Алвеш.
„Ја добив оваа фотографија вчера од мајка ми, и знаеш што мислам? Мислам дека сум цврст човек и ќе кажам дека и ти си цврст човек, верувај. Разликата од невозможно до возможно сте само вие!“, додаде тој.
„Сè што имав можеше да се смести во овој плакар, освен моите големи соништа!“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
