
Забраната за руските фудбалски тимови и репрезентации да учествуваат на натпреварувањата под покровителство на УЕФА останува на сила, одлучи Арбитражниот суд во Лозана. Санкцијата останува непроменета, но арбитражната постапка продолжува.
На 28 февруари, ФИФА и УЕФА им забранија на руските клубови и репрезентации да учествуваат на меѓународни натпревари поради влошената безбедносна ситуација околу Русија и Украина. На 7 март,
Фудбалската федерација на Русија поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) во Лозана.
Забраната од ФИФА е делумно слична, но е со посебна жалба од Фудбалската федерација на Русија , која може да биде разгледана од ЦАС до крајот на оваа седмица.
Русија требаше да игра против Полска во плеј-офор за пласман на Светското првенство на 24 март, но натпреварот нема да се одржи. Минатата недела ФИФА одлучи Полска директно да се квалификува во следната рунда од мундијалскиот плеј-оф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
