Connect with us

Зејнулаи пред пресметката со Вардар: Дерби не се игра, дерби се добива

После триумфот во Лигата на Конференции над Шелбурн, Шкендија во одлична атмосфера го дочекува дербито против Вардар во ПМФЛ. Токму тој европски триумф им дава дополнителен мотив на тетовските „црвено-црни“ во пресметката на домашен терен против најтрофејниот тим во ПМФЛ за трите бода.

Играчот за врска на Шкендија, Арбин Зејнулаи, пред дербито со Вардар рече дека тимот веќе е фокусиран кон овој натпревар, и дека се максимално подготвени да дојдат до посакуваните бодови.

„Зад нас е историски натпревар во Европа, а после победата бевме многу среќни. Сепак, фудбалот не завршува туку веднаш мораме да се фокусираме кон следните предизвици. Сега на ред е мечот со Вардар, и затоа немаме многу време за славење. Мораме да се фокусираме кон следниот предизвик, а следниот меч за нас е дерби. Вакви дербија мора да се добијат, и ние сме максимално подготвени. Шкендија има амбиции да биде шампион, и кога тоа е целта, тогаш мора на секој натпревар императив да ни бидат трите бода. Што се однесува до дербито, само ќе кажам дека вакви дербија не се играат, туку се добиваат“, изјави Зејнулаи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови