Connect with us

Закањи го казни промашувањето на Леао и го исфрли Милан од Купот на Италија (ВИДЕО)

Лацио се пласира во четвртфиналето од Купот на Италија, откако вечерва на „Олимпико“ го совлада Милан со минимални 1-0 во осминафиналната фаза, со што си обезбеди дуел со Болоња во следниот круг.

Средбата во Рим не понуди особено атрактивен фудбал, бидејќи двете екипи пред сè внимаваа да не примат гол, а долго време изгледаше дека победникот ќе се решава преку пенали.

Сепак, десет минути пред крајот од мечот, по изведен корнер за Лацио, одбраната на Милан ја загуби концентрацијата и го остави целосно непокриен Матија Закањи.


„Десетката“ на римскиот клуб со прецизен удар со глава го постигна единствениот гол – доволен за победа и пласман меѓу најдобрите осум.

Погодокот на Лацио дојде само неколку минути по големото промашување на Рафаел Леао.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови