
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ ја продолжува битката за пласман на Светското првенство во Катар, а во Скопје гостува првопласираната селекција на Ерменија. Благоја Милевски ја презеде селекторската палка од Игор Ангеловски и денеска ќе го има своето деби со А-тимот. Го нема ниту најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев кој стави крај на репрезентативната кариера, па затоа сега тимската игра треба да биде главниот аут на Македонија, според замислите на Милевски.
„Размислуваме позитивно и секако ќе играме на победа. Оптимист сум, иако немавме доволно време да ги пренесеме сите наши замисли и идеи, со оглед на кусото време за подготовки. Но, верувам во фудбалерите и во нивниот професионализам. Тие се добри карактери и се адаптираат на сите нови замисли. Знам дека фудбалерите ќе го дадат својот максимум и ќе потврдат дека со право се тука“, изјави селекторот Боби Милевски.
Новиот капитен Стефан Ристовски ќе ги поведе „црвено-жолтите“ во нова битка. Ерменците не се непобедлив тим. .
„Фудбалот е веќе до степен да немаме многу време за размислување, кратко време за подготовки, три натпревари, имаме промени во составот, но доволно сме професионалци да продолжиме каде што застанавме. На теренот нема поделба на стари и млади. Сите треба да одговориме на предизвикот. Без ралика на промените доаѓаме од ЕП и мислам дека треба да гледаме позитивно и тоа да ни биде поттик за уште подобри резултати“, вели Стефан Ристовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
