Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ на „Паркот на принцовите“ го пречекува Баерн Минхен. Во ПСЖ имаат многу проблеми со повредите, па Килијан Мбапе ќе го започне натпреварот од клупата за резерви, а големо изненадување има во првите единаесетмина на Кристоф Галтие.
Францускиот тренер реши уште од првата минута да му даде шанса на 16-годишниот Ворен Заир-Емери. Тој е фудбалер роден на 8 март 2006 година. Вечерва влегува во историјата како најмладиот играч кој некогаш започнал натпревар во Лигата на шампионите во нокаут фазата.
Заир-Емери оваа сезона одигра 14 натпревари за ПСЖ и постигна два гола, а пред неколку дена на теренот го мина целиот натпревар против Монако. Тој е младински репрезентативец на Франција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













