
Хрватска и Мароко ќе играат за третото место на Мундијалот, а претходно и го отворија натпреварувањето во групата Ф играјќи без голови на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Хор.
Мароко ќе се обиде до првиот медал во историјата на светските првенства, а за оваа африканска селекција ќе на навива и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Во финалето не знам за кого ќе навивам, но знам за кого ќе навивам во мечот за третото место – за Мароко. Тоа се нашите вистински браќа, кои никогаш нема да го признаат независно Косово. Имаат проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажеш дека цел Нови Пазар го поддржува Мароко, а јас да кажам дека нема да ги поддржам затоа што се муслимани? Па, тие се наши браќа, наши пријатели. Јас навивав и за Аргентина“, изјави Вучиќ на РТС.
Тој откри дека не навивал за Хрватска ниту во полуфиналето.
„Ги почитувам сите, одете во Хрватска на море, јас нема, не навивам за Хрватска, колку сте, 11, 12 отсто, но јас победив на изборите и сакам сите овде да бидеме искрени, никој нема да ми забрани и секогаш ќе зборувам слободно“, истакна претседателот на Србија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
