Кој ли можеше ова да го замисли…Поголемо изненадување е дури и од заминувањето на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ. Силекс и Вардар, најтрофејните македонски фудбалски клубови на второлигашко рандеву. Двата гиганти спаднаа на ниски гранки, но сакаат експресно да се вратат во елитата.
Силекс по настапот на европска сцена како актуелен освојувач на Купот, се врати во реалноста и ќе се бори за пласман во Првата лига. На кормилото го има Горазд Михајлов, кој младоста ја мина во Вардар. Од другата страна пак ќе биде Горан Симов, кој му донесе куп-трофеј на Силекс минатата сезона, но и го испадна. Сега е во мисија да го врати Вардар во Првата лига.
Многу симболика, многу интересни информации, но и реалноста дека Силекс и Вардар за првпат во историјата ќе се пресметаат како второлигаши. Вардар успеа да ги регистрира сите засилувања откако во првото коло настапи претежно со младинци против Кораби. Сега „црвено-црните“ се подготвени за надигрување во Кратово.
Минатите три натпревари ги доби Силекс, и тоа убедливо, но Вардар беше во распад. Колку и да звучи чудно, сега Вардар е многу подобро организиран.
Новиот второлигаш Воска Спорт имаше убедлив старт против Гостивар, славеше со 0-4, а денеска на домашен терен ќе го пречека Кораби. Велешта е домаќин на Гостивар, а Тетекс ќе и гостува на Беса. Ќе биде интересно и во Кадино каде ќе пристигне тимот на Охрид Лихнидос.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski