Воска повторно го победи Охрид со 1-0, и повторно од пенал. Изаир Емини повторно беше успешен реализатор на најстрога казна, во 87.минута од мечот.
Вардар славеше со 0-1 на гости против Велешта, а стрелец беше Ерен Парталко во 71.минута од натпреварот.
Силекс исто така победи со 0-1 на гости против Кораби во Дебар. Антонио Каланоски во 55.минута го реши натпреварот.
Тетекс беше убедлив против Кадино и победи со 0-4. Георг Стојановски и Владимир Жоглев донесоа предност по првиот дел, а во второто полувреме „текстилците“ постигнаа уште два гола.
Гостивар и Беса одиграа без голови.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski