
Нема застанување за водечките екипи во Втората македонска фудбалска лига! Во 25. коло, сите четири тима на врвот запишаа победи, задржувајќи го темпото во трката за директна промоција и бараж место за елитата – Првата македонска лига.
⚽ Македонија ЃП – Детонит Плачковица 1-0
Лидерот не попушта! Тимот од Ѓорче Петров со минимална победа над Детонит благодарение на погодокот на Ристе Лембовски во второто полувреме, останува цврсто закотвен на врвот.
⚽ Башкими – Вардарски 2-0
Башкими го искористи домашниот терен и без милост го совлада „фенерџијата“ Вардарски. Христијан Митревски ја затресе мрежата со мајсторски слободен удар, а Хусеин Демири со пенал ја запечати победата.
⚽ Арсими – Кожуф 1-0
Арсими го задржа третото место со тесна, но значајна победа над Кожуф. Шпенд Асани го реши натпреварот со гол во 63. минута, кој вреди злато во битката за баражот.
⚽ Борец – Брегалница 0-1
Брегалница не попушта. „Сините“ од Штип минимално славеа кај велешки Борец – Давид Калпачки ја одлучи средбата уште во 47. минута.
⚽ Новаци – Вардар Неготино 2-0
Голови по паузата од Бобан Здравевски и Стефан Стефановски донесоа важна победа за домаќините во трката за опстанок.
⚽ Победа – Саса 1-0
Прилепчани остануваат на курс кон останување во лигата. Филип Димоски во 47. минута го постигна единствениот гол против Саса.
⚽ Беласица – Скопје 1-0
Беласица беше подобра од Скопје на домашен терен. Александар Коцев донесе рана радост за струмичани уште во 18. минута.
🔥 ГФК Охрид – Осогово 2-2: Голeеада крај езерото!
Највозбудливиот натпревар се одигра во Охрид. „Рибарите“ водеа со 2-0 со головите на Крстески и Дишлиоски, но Владимир Жоглев одговори со два гола за Осогово и израмнување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
