
Продолжуваат возбудувањата во Втората лига, а фокусот е кон Гевгелија, каде Кожуф, кој има одличен старт, го пречекува Пелистер.
Капитенот на Кожуф, Бојан Иванов, ги повика навивачите на помош во пресрет на дуелот.
„Атмосферата во тимот е одлична, максимално сме мотивирано за дуелот со Пелистер. Ќе ни биде потребна и поддршка од нашите навивачи, знаеме каков противник е Пелистер и што значи во македонскиот фудбал“, изјави Бојан Иванов.
„Пелистерци“ посакуваат позитивен резултат од мечот во Гевгелија.
„Во Гевгелија одиме да се надигруваме и да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат. ФК Кожуф има доста квалитетен тим, со доста мотивирани фудбалери. Но, познати се нашите амбиции, и кога зборувам за позитивен резултат тоа значи дека сме насочени само на победа и три бода. Сигурен сум дека доколку одиграме онака како што се договоривме и доколку ѓи оствариме дадените инструкции од стручниот штаб, ќе се вратиме со победа од оваа тешко гостување“, изјави Благоја Љамчевски.
Беса оди на гостување Детонит Плачковица, а Беласица е домаќин на Победа. Новаци конечно доби дозвола да игра на домашен терен и ќе го пречека Башкими.
Натпреварите од Втората лига се закажани за 15 часот.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 5.КОЛО (денеска, 15 часот)
КОЖУФ – ПЕЛИСТЕР
ОСОГОВО – ОХРИД ЛИХНИДОС
БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА
НОВАЦИ – БАШКИМИ
КАМЕНИЦА САСА – БАШКИМИ
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БЕСА
КАРАОРМАН – АРСИМИ
ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
