Connect with us

Втора лига Исток: Водечкото трио гостува, Каменица Саса домаќин на Пехчево

Продолжува неизвесната битка за врвот на табелата во Втората лига Исток. Четири екипи се на растојание од само два бода, а само две ќе имаат можност да продолжат кон елитата. Шампионот ќе се пласира директно во прволигашка конкуренција, а второпласираната екипа ќе игра бараж за пополнување на Првата лига.

Водечкото трио денеска (16 часот) гостува. Слога Виница оди кај Братство, Победа ќе игра на гости кај Локомотива, а Беласица за ривал го има Осогово во Кочани. Единствено Каменица Саса во ова коло ќе игра на домашен терен, а ќе го пречека тимот на Пехчево.

Во Радовиш, Детонит ќе има пресметка со составот на Кожуф.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови