Connect with us

Втора лига Исток: Победа со пресврт го победи Кит Го, Беласица сигурна во Радовиш

Победа и Кит Го одиграа жесток натпревар на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп каде домаќинот за врати по цели пет години. Зоран Андонов во 34.минута донесе предност за Кит Го, но во вториот дел Победа Прилеп направи пресврт и славеше со 2-1. Даниел Карчески израмни на 1-1, а Дарко Анѓелески од пенал се погрижи за целосен пресврт.


Беласица покажа квалитет на дуелот со Детонит јуниор и победи со 0-2 иако поголем дел од мечот играше со деветмина фудбалери поради двете исклучувања. Васил Крстев во 11.минута ја доведе Беласица во водство, а Александар Коцев во 70.минута го потврди триумфот, иако струмичани играа со двајца фудбалери помалку.

Каменица Саса беше ефикасна на гости против Осогово и победи со 1-4. Ричков, Димовски, Ефремов и Божинов реализираа за гостите од Македонска Каменица. Кожуф беше поуспешен од Локомотива (0-2).

Слога Виница со 1-0 го победи Братство Житоше, со голот на Бериша Халил во 77.минута.

ВТОРА ЛИГА ИСТОК, ПРВО КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

Победа – Кит Го 2-1

Детонит јуниор – Беласица 0-2

Слога Виница – Братство Житоше 1-0

Локомотива – Кожуф 0-2

Осогово – Каменица Саса 1-4

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови