Фудбалскиот клуб Победа по пет години, или поточно по цели 1927 дена откако го одигра последнио меч, се враќа во својот фудбалски дом, стадионот „Гоце Делчев“. После 160 одиграни првенствени и куп-натпревари „под кирија“, Победа Прилеп денеска ќе го пречека Кит Го на својот стадион.
Почнуваат второлигашките возбудувања, а самото враќање на стадионот „Гоце Делчев“ ја става Победа Прилеп меѓу фаворитите за пласман во Првата лига. Тренерот Дарко Крстески има на располагање состав со кој сигурно ќе се бори за врвот во Втората лига Исток.
„Респект за секој противник, но на теренот максимално агресивно и без пардон кон никого затоа што Победа едноставно мора на секој меч да атакува на победа и три бода за исполнување на клупските но и амбициите на армијата приврзаници на црвено-белата боја“, велат од ФК Победа пред стартот на сезоната.
Беласица исто така има прволигашки амбиции, сака експресно да се врати во елитата. Со новиот тренер Александар Стојанов и со подмладен тим во однос на лани, но максимално мотивиран за успех, струмичкиот тим ќе се обиде да ја исполни целта.
Тука се и Кит Го, Слога Виница и Кожуф како екипи кои имаат квалитет да се вмешаат при врвот и да чекаат шанса за борба за првите две позиции на табелата.
На премиерата, Победа Прилеп ќе го пречека Кит Го, а Беласица ја очекува гостување во Радовиш против Детонит.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА ИСТОК – ПРВО КОЛО (16 ч.)
Победа – Кит Го
Детонит јуниор – Беласица
Слога Виница – Братство Житоше
Локомотива – Кожуф
Осогово – Каменица Саса
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski