Кит Го загуби во Прилеп во првото коло и „жртва“ падна тренерот Емил Грнев кој си поднесе оставка. За нов шеф на стручнипт штаб е именуван Трајче Сенев, а ќе дебитира денеска против Детонит, кој исто така има нов тренер, Илија Сасански. Надмудрувањето на новите стратези ќе ја одбележи оваа пресметка.
„Добро го познаваме новиот шеф на стручен штаб, кој исто така добро го познава тимот. И сето тоа ни носи дополнителен мотив за еден максимален пристап на мечот во желбата да дојдеме до триумф“, изјави Тони Мичковски, фудбалерот на Кит Го.
Беласица повторно гостува, овојпат кај новиот второлигаш Братство Житоше.
Интересно ќе биде во Гевгелија каде Кожуф ќе ја пречека Победа Прилеп, а и Каменица Саса по добриот старт на сезоната сака втор триумф против Локомотива.
Слога Виница ќе биде домаќин на Осогово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski