Connect with us

Втора лига Исток: Беласица тргнува дома против Детонит

Беласица сака експресно враќање во елитата, а во првото коло од новата сезона во Втората лига Исток на стадионот „Благој Истатов“ ќе го пречека Детонит. Вака одлучи денешниот ждреб во просториите на ФФМ. Второлигашките возбудувања стартуваат в среда, на 25 август, со оглед дека веќе се доцни со претходно предвидениот почеток на шампионатот.

Победа Прилеп во првото коло ќе го пречека Кит Го во интересен дуел, а Локомотива е домаќин на Кожуф. Осогово ќе ја нагости Каменица Саса, а Слога Виница ќе игра дома против Братство Житоше.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови