Беса и Кожуф се екипите кои по четири кола имаат максимален ефект во Втората фудбалска лига. Пелистер и Детонит Плачковица во Битола ремизираа без голови.
Беса на домашен терен славеше против Каменица Саса со 2-1, додека Кожуф победи со 0-2 на гостувањето кај Арсими. Фатмир Арифи и Малик Белули беа стрелци за Беса.
Давков и Митков донесоа триумф за Кожуф на гости против Арсими.
Скопје беше подобар од Караорман со 2-1, а Новаци освои гостински бодови по триумфот против Тетекс со 0-2.
Без победник заврши дербито во Битола меѓу Пелистер и Детонит Плачковица (0-0). Вардар Неготино стигна до гостински триумф против Охрид Лихнидос.
Беласица беше убедлива на гости против Башкими со 0-3. Победа го доби дуелот со Осогово со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













