Огромен е оптимизмот во редовите на Тиквеш пред утрешниот дерби натпревар во Кавадарци против Брегалница во последното есенско коло од Втората лига – Исток.
Кавадарчани веруваат дека со победа ќе го завршат есенскиот дел и ќе докажат дека триумфот од првата меѓусебна средба со Брегалница во Штип не била случајност.
„Не очекува дерби дуел со Брегалница, но знаете дека Тиквеш секогаш оди на победа на секој натпревар. Треба да бидеме мирни, со ладни глави, затоа што знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Но, може слободно да кажам дека ние сме најквалитетната екипа не само во источниот дел од Втората лига туку и во западниот, па сигурно утре ќе одиме на трите бода. Тоа ни е важно затоа што сакаме победнички да ја завршиме есента и потоа во пролетниот дел да го обезбедиме првото место и да си обезбедиме место во Првата лига“ – вели капитенот Ѓорѓи Мојсов.
Сосема еднакво е размислувањето и на искусниот столб во одбраната на кавадарчани, поранешниот репрезентативец Ванче Шиков…
„Нема некоја филозофија. Сакаме квалитетен натпревар и победа против Брегалница. Желбата е да ја играме нашата игра, самодовербата во тимот е на највисоко ниво и сето тоа треба да не донесе до трите бода“ – истакнува Шиков.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Брегалница на Градскиот стадион во Кавадарци се игра со почеток од 13 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













