Фудбалерите на Јувентус ремизираа против Вилјареал (1-1), во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот од Торино поведе во 32. секунда со голот на Душан Влаховиќ. Србинот се огласи по реми и неговиот дебитантски гол во ЛШ.
„Во Јувентус ми се исполни сонот да играм во Лигата на шампионите, но не сум 100 отсто среќен затоа што не победивме. Многу го посакувавме тоа. Штета, не успеавме, но одиме понатаму. Мислам дека го направивме тоа за што се подготвувавме во соблекувалната, се обидовме да продолжиме како што почнавме, но понекогаш работите многу зависат и од противникот. Вилјареал заслужи честитки за играта. Ние одиме понатаму. Се радуваме на секој нареден натпревар и победа, без разлика кој ни е противник. Јас лично веќе го заборавив овој натпревар. Треба да гледаме напред“, изјави Влаховиќ.
По овој натпревар, Јувентус за четири дена ќе му гостува на Емполи во 27. коло од Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













