 
																												
														
														
													Работнички в недела ќе му гостува на Шкупи во 29.коло од Првата фудбалска лига. Мечот ќе се одигра на теренот на комплексот на ФФМ, а посебно внимание привлекува тренерскиот дуел на некогашните соработници, шефот на стручниот штаб на Работнички, Александар Влахо, и Гоце Седлоски, кој е нов тренер на Шкупи.
„После осум години заедничка соработка, со една година пауза, ќе биде малку чудно да не бидеме на иста клупа, туку на различни страни со Гоце Седлоски. Минавме одличен период заедно, освоивме титули, имавме и меѓународни проекти и секако дека и двајцата знаеме многу добро како размислува другиот на фудбалски план. Но, сепак, не е ова дуел на Седлоски и на Влахо, туку на теренот ќе играат фудбалерите на Работнички и на Шкупи. Верувам дека ќе биде тоа отворен и допадлив натпревар, познавајќи го начинот на работа и карактерот на Седлоски сигурно дека тимот на Шкупи ќе биде максимално мотивиран за триумф. Истото е и со Работнички, сакаме да продолжиме со добри игри и успешни резултати, а и двете екипи немаат некој посебен психолошки товар и тоа може да придонесе за уште подобар фудбал. Подготвени сме, во составот се враќаат Кристијан Стојковски и Петар Петковски, а единствено ќе ни недостигаат Методи Максимов и Фахрудин Ѓурѓевиќ“, вели Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
На претходниот меч на комплексот на ФФМ, Работнички го надигра и го порази Шкупи.
„Беше тоа еден од нашите најдобро одиграни натпревари оваа пролет, бевме одлични тимски и заслужено славевме. Сега сигурно и противникот ќе биде повнимателен, но тоа не значи дека нема да се потрудиме максимално за повторно да дојдеме до успех“, порачува шефот на стручниот штаб на „романтичарите“.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														