Connect with us

Винисиус Жуниор во Реал Мадрид до 2027 година

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го продолжи договорот со бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор до 2027 година. Тој ќе добие значително зголемување на платата, а „кралевите“ во договорот ставија отштетна клаузула од една милијарда евра, впрочем како што веќе е пракса и со останатите фудбалери, пред сѐ поради најновите финансиски конкурентни клубови од Саудиска Арабија.

Винисиус Жуниор израсна во голема ѕвезда откако пред пет години дојде на „Сантијаго Бернабеу“ како 18-годишно момче. Прво настапуваше за вториот тим на Реал Мадрид, а потоа доби шанса да се наметне и во првиот состав.

Винисиус Жуниор досега има 235 натпревари во дресот на Реал Мадрид и постигнати 63 гол, а со клубот веќе освои и девет трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови