Connect with us

Винисиус Жуниор се извини за глупостите на Ел Класико

Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор изрази жалење за своето непромислено однесување во Ел Класико, кога по замената реагираше бурно и наместо да седне на клупата, директно се упати кон соблекувалната.

Играчот на Реал Мадрид прво со гестови му покажа незадоволство на тренерот Чаби Алонсо, а според шпанските медиуми, дури и го навредувал во тунелот кон соблекувалната.

По неколку дена тишина, Винисиус се огласи на социјалните мрежи и јавно се извини:

„Искрено жалам за мојата реакција при измената во Ел Класико. Сакам да им се извинам на сите навивачи на Реал, како и на моите соиграчи, тренерот и претседателот. Понекогаш страста ме совладува — секогаш сакам да победам и да му помогнам на тимот. Мојата енергија доаѓа од љубовта кон овој клуб и сè што тој претставува. Ветувам дека ќе продолжам да се борам со целото срце за Реал, како што правам од првиот ден.“

Сепак, неговото извинување не ги смири страстите. Во изминатите три дена Винисиус беше цел на остри критики од поранешни легенди на клубот, додека дел од навивачите дури побараа негово заминување по завршувањето на сезоната, сметајќи дека неговото однесување може да ја наруши хармонијата во тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови