
Жерар Делофеу своевремено важеше за еден од најталентираните фудбалери во светот. На „вундеркиндот“ на Барселона му предвидуваа блескава кариера на „Камп Ноу“, но ништо од тоа не се случи.
Офанзивниот играч кариерата ја изгради во англиската Премиер – лига каде настапуваше за Евертон и за Вотфорд, кратко време мина и во Милан, а во последните две години го носи дресот на Удинезе.
Делофеу би можел да игра по трет пат на Островот, овојпат во дресот на Вест Хем. Според италијанските медиуми, „чеканите“ се подготвени да вложат 3 милиони евра во трансферот на 27-годишниот Шпанец.
Тој би можел да донесе квалитет и искуство во тимот на Дејвид Мојс, а откупната цена не е воопшто висока според стандардите на Премиер – лигата.
Делофеу оваа сезона одигра 22 натпревари за Удинезе и постигна седум гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
