Connect with us

Вест Хем го купува Хари Мегваер за 45 милиони евра

Најскапиот стопер на сите времиња, Хари Мегваер, по четири сезони би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и да стане нов играч на Вест Хем.


Според медиумите во Англија, „чеканите“ се сериозно заинтересирани за стандардниот репрезентативец на гордиот Албион и се подготвени на Јунајтед да му ја исплатат бараната отштета од 45 милиони евра.

30-годишниот Мегваер пристигна како огромно засилување на „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ во 2019 година во трансфер вреден рекордни 87 милиони евра, тој беше капитен на англискиот гигант, но поради неговата тенденција да прави грешки, падна во втор план кај новиот менаџер Ерик Тен Хаг.

Победникот на Конференциската лига, тимот на Вест Хем, и нивниот менаџер Дејвид Мојс решија да му понудат договор на Мегваер, кој заработува 12 милиони евра годишно во Јунајтед, но е подготвен да дојде во Источен Лондон за помалку пари.

Вест Хем вчера објави дека нивниот неодамнешен капитен и најдобар играч Деклан Рајс прејде во Арсенал за 123 милиони евра и се подготвени дел од тие пари да ги вложат во Мегваер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови