
Фудбалската репрезентација на Македонија има водство (0-1) по првото полувреме против Исланд во Рејкјавик, на петтиот натпревар од квалификациите за СП 2022 во Катар. Дарко Велковски во 12.минута со удар со глава по корнерот на Езгкан Алиоски од левата страна, го постигна водечкиот гол за селекцијата на Благоја Милевски.
Македонија доминира во Рејкјавик. Клучен беше потегот на селекторот Милевски да го помести Енис Барди многу поблиску до противничкиот гол, со тоа нашиот национален тим доби на креативност во нападот.
Алиоски, Костадинов и Барди со шутеви од далечина го тестираа Рунарсон, но голманот на Исланд имаше одлични одбрани. Исланѓаните не создадоа ниту една посериозна шанса пред голот на Столе Димитриевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
