
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски истакнува задоволство од текот на подготовките во Анталија без разлика на негативните резултати на тимот во првите два тест дуели.
„Можам да кажам дека подготовките одат според планот. Имаме одлични услови за работа тука, времето засега е добро, и работиме според зацртаното. Сите играчи максимално ги спроведуваат задачите. Не сакам да бидам разбран дека барам оправдувања, но и двата тима кои ни беа противници во првите две средби се 1-2 седмици пред нас со подготовките. Мислам дека резултатите не даваат реална слика, барем не на она што се случуваше на теренот на првите две средби. Убаво е кога ќе се победува, но реков и пред почетокот дека резултатите тука не се важни, важно ќе биде добро да се подготвиме за она што не очекува во првенството. Ние, сепак, низ овие пријателски ја градиме играта која треба да ни донесе победи во првенството и мислам дека сме на добар пат“ – вели Васоски.
Во екипата отпатуваа и неколку играчи од Академијата на Вардар. Како тие се вклопуваат во сениорскиот тим?
„Одлично се вклопуваат младите играчи. Сите кои се тука со нас ќе добијат шанса низ пријателските натпревари, но засега низ тренинзите максимално ги одработуваат задачите. Дел од овие фудбалери добија шанса и на првите две средби, и се покажаа во добро издание. Имаме уште време до крајот на оваа фаза, и верувам дека до враќањето во Скопје ќе бидеме добро подготовени“ – истакнува Васоски.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан

Евро-фудбал
Шевченко ќе го замени Пиоли на клупата на Милан?

Интернационалци
Мирсад Јонуз е нов тренер на Лирија Призрен

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан
