
Според шпански “АС”, крилото на Реал Мадрид, Лукас Васкез, одбил трансфер во лутиот ривал Атлетико Мадрид и скоро сигурно ќе му се приклучи на Милан, доколку не го продолжи договорот со “кралскиот клуб”.
Договорот на шпанското крило истекува на крајот на сезоната, а мадридскиот весник објави дека Васкез одбил да се приклучи на градските ривали на Реал. Крилниот напаѓач не сака да ги изневери “белите”, клубот за кој навива уште од дете. Затоа тој нема да се пресели на другата страна на градот.
Реал Мадрид се надева дека 29-годишниот фудбалер на крајот ќе го продолжи престојот во клубот и му понуди на Шпанецот нов договор вреден 3,5 милиони евра годишно. Сепак, сега се вели дека доколку на крајот тој ја одбие понудата од неговиот клуб, би сакал трансфер во Милан.
“Росонерите” пратиле најубедлива понуда досега од сите заинтересирани страни, иако двата клуба сè уште не постигнале договор. Васкез е сложен за преселба на “Сан Сиро”, каде би му се придружил на неговиот поранешен соиграч Тео Хернандез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
