Вардар е есенски првак и ќе презими на првото место на табелата во Првата лига по убедливиот триумф на гости (0-3) против Академија Пандев. Вардарци осум бода предност и пред Шкендија и пред Академија Пандев по 17 одиграни кола, а во пресрет на последното пред зимскиот „распуст“.
Даниел Аврамовски постигна два гола и беше клучен фактор за триумфот на Вардар. Тој стрелаше во 11. и во 69.минута, а до крајот погоди и Владица Брдаровски.
Шкендија го декласира Шкупи во Тетово со 4-0. Бесарт Ибраими во втората минута донесе предност, Стенио Жуниор во 28.минута зголеми на 2-0, а Бесарт Ибраими од пенал постигна и трет гол за Шкендија во првиот дел. Во второто полувреме Жуниор уште еднаш се запиша меѓу стрелците.
Работнички и Силекс ремизираа 1-1 на арената „Тодор Проески“. Иван Марковиќ во 15.минута, на асистенција на Давид Тошевски, донесе предност за „романтичарите“. Но, Силекс израмни со погодокот на Стефан Ѓуриќ во 61.минута. Тој со одличен удар со глава го совлада Дамјан Шишковски по центаршутот од левата страна.
Борец оствари минимална победа против Ренова од 1-0. Никола Прелчец во петтата минута го постигна победничкиот погодок за велешкиот прволигаш.
ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 0-3
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 4-0
БОРЕЦ – РЕНОВА 1-0
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1
Табела: Вардар 35, Шкендија 27, Академија Пандев 27, Силекс 24, Македонија ЃП 23, Струга ТЛ 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16, Работнички 15.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













