 
																												
														
														
													Најтрофејниот македонски клуб Вардар добива нов сопственик, компанијата „Блу Скај“ која наводно го преземала клубот од Сергеј Самсоненко и сака експресно да го врати во елитата. „Црвено-црните“ речиси целосно реконструирани ќе се обидат да се вратат таму каде што припаѓаат, во Првата фудбалска лига.
Се очекува новиот сопственик Слободан Крстевски, сопственикот на компанијата „Блу Скај“ да излезе во јавноста и детално да објасни дали комплетно го откупил клубот од Самсоненко, со оглед дека рускиот тајкун имаше наталожени долгови од околу 3,5 милиони евра.
Стручниот штаб ќе биде предводен од Горан Симов кој со Силекс го освои Купот на Македонија, но и испадна од Првата лига, а ќе му помагаат вардарците Филип Ивановски, Златко Таневски, Никола Глигоров и Саша Илиќ. Координатор на младинската школа на Вардар треба да биде Зоран Бошковски Чоко. Ќе има и петнаесетина нови засилувања. Ветеранот Дејан Блажевски и голманот Филип Илиќ остануваат, клубот е во преговори и со Бојан Најденов и Филип Петковски, а се најавуваат и нови играчи како Филип Петров, Оливер Пеев, Бенјамин Демир, Дарко Стојанов, Никола Ристески, Петар Љамчевски, Вилдан Керим, Дарко Гроздановски, Христијан Јакимовски.
Почетокот на подготовките на Вардар е закажан за 7.јули, а клубот и понатаму ќе ги има на располагање тренинг-центарот во Хиподром и Академијата во Градски парк. Првиот пријателски меч е закажан на 21 јули со Саса во Македонска Каменица, а потоа ќе следат и подготовки во Охрид.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														