Вардар ќе има осум бода предност во однос на Шкендија на зимската пауза. Тоа е дистанца која беше актуелна и пред денешното дерби на арената „Тодор Проески“ кое заврши 2-2. Беше возбудливо, со многу шанси и голови, а перформанс имаа и „Комитите“.
Вардар дојде во водство од пенал во 20.минута. Дарко Мицевски беше успешен реализатор на ударот од белата точка. Омар Имери израмни во 36.минута, по асистенцијата на Арменд Алими.
Вардар вторпат дојде до предност во 54.минута со погодокот на Али Адем, но Омар Имери повторно израмни на 2-2, во 63.минута.
Ренова со фантастичен финиш стигна до триумф од 4-3 против Работнички. „Романтичарите“ имаа водство од 1-3, но „гипсарите“ на крајот се радуваа. Иван Марковиќ донесе предност за гостите во 24.минута, а три минути подоцна израмни Арџент Гафури од пенал, по играта со рака на Шаркоски. Петар Петковски со головите во 37. и во 48.минута зголеми на 1-3, но потоа се случи пресвртот на Ренова.
Илирид Адеми во 60.минута намали на 2-3, а две минути подоцна Бојан Миовски го израмни резултатот. Победничкиот погодок на „гипсарите“ беше дело на Ремзифаик Селмани во 77.минута од натпреварот.
Македонија ЃП славеше на гости на Чаир против Шкупи со 2-3. Пауло Едуардо Карваљо постигна хет – трик за „лавовите“. Првиот гол за Шкупи беше дело на Фатјон Јусуфи во 49.минута, а вториот го постигна Марин Јурина во 90.минута. Но, бодовите патуваат за Ѓорче Петров.
Струга Трим Лум и Борец ремизираа 1-1. Роберт Коцев донесе предност за велешкиот тим во 46.минута, а израмни Арбен Тафе во 60.минута.
Вчера, Силекс го совлада тимот на Академија Пандев со 3-1.
ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 2-2
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-3
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 4-3
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БОРЕЦ 1-1
ВЧЕРА: СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1
Табела: Вардар 36, Шкендија 28, Академија Пандев 27, Силекс 27, Македонија ЃП 26, Струга ТЛ 24, Шкупи 22, Борец 20, Ренова 19, Работнички 16.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













