Вечното дерби на мак-фудбалот меѓу Пелистер и Вардар што се играше попладнево во Битола заврши со поделба на пленот (1-1), резултат од кој можат да бидат незадоволни само „црвено-црните“, кои имаа водство се до судиското продолжение, но останаа само со еден бод поради автоголот што си го постигна Чарлестон.
„Вардарци“ поведоа во 32. минута со прекрасниот погодок на Цветаноски, кој од работ на шеснаесетникот биеше прецизно во горниот агол од голот на „пелистерци“. Кога се чинеше дека трите бода ќе заминат во Скопје, домашните израмнија во четвртата минута од судиското продолжение со автоголот на Бразилецот Чарлестон.
Вардар по осум натпревари сега е со 11 бода, а Пелистер со бод помалку од црвено-црните на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













